fbpx

Ајде, да бидеме хумани: На 14 годишниот Дарио од Кочани итно му е потребна нашата помош

Дарио Павлов боледува од ретка болест која предизвикала воспаление на рбетниот мозок и итно му е потребна помош од сите добри луѓе.

Семејството Павлови од Кочани ги моли сите хумани граѓани ако се во можност да донираат за помош на 14-годишниот Дарио чиј живот одеднаш се сменил со дијагностицирањето на болеста енцефалитис – трансферзален миелитис, која направила компликација и предизвикала воспаление на рбетниот мозок.

Тоа пак, предизвикало целосна парализа на десната нога и изнемоштена болка што се влошува и зголемува секојдневно.

За да се намали воспалението, Павлов треба да добие третман со матични клетки во Грција кој што чини многу повеќе средства отколку што може да обезбеди неговото семејство.

Секоја донирана сума е добредојдена бидејќи третманот треба да започне во септември и ќе биде од голема корист за него и неговото семејство.

Да донираме на

070 143-105 за корисници на Телеком и
143-461 за корисници на ВИП

Затоа семејството Павлови ги моли сите хумани граѓани колку се во можност да му помогнат на Дарио да ги собере потребните средства за лекувањето кое треба да му овозможи нормално да се движи и среќен да го продолжи детството.

Споделете го овој текст и проширете ја оваа вест до сите хумани луѓе

Извор: Донации