fbpx

Брена спремна да стане баба – годините не ги чувствувам воопшто, а од самата помисла на внучето ми доаѓаат солзи радосници на очите

Лепа Брена во следниов период има на што да се радува

За познатата пејачка следува убав период во животот. Пред неа се два концерти, и тоа навистина големи, а потоа некаде во март следната година ќе стане и баба кога на Филип Живојиновиќ и Александра Пријовиќ ќе им се роди синот.

Таа во интервју за српскиот Glossy откри дека се уште не ги чувствува своите години бидејќи е мошне активна и постојано има обврски, така што и не размислува за своите обврски како баба.

„Целата приказна околу внучето навистина ми предизвикува солзи радосници. Бескрајно сте среќни кога ќе станете свесни дека во тој природен тек настанува нова фаза во вашиот живот. Сепак, најважно е сите да се здрави и среќни и животот да се движи во некоја нормална, но позитивна насока“, вели таа.

Брена на 20 октомври треба да го прослави својот 58 роденден, а тогаш е и нејзиниот прв концерт. Таа поради настапите што ја очекуваат редовно тренира, но и внимава на исхраната во последно време, па резултатот е воочлив и од овие нејзини фотографии.

Повеќе за нејзината диета прочитајте тука.