fbpx

Дупла дневница за оние кои ќе работат во вторник – во спротивно следи казна за работодавачот

Согласно Законот за празници четврток 11. Октомври, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.

Меѓутоа, за одреден дел од вработените во приватниот сектор, овој неработен ден ќе биде работен, бидејќи тие ќе треба да бидат на своите работни места. Истото се случува и за време на останатите државни празници кои се прогласени за неработни денови според закон.

Во случај работодавачот да наложи за време на празник да бидете на работа, должен е тоа да го пријави во Трудова инспекција, а вам да ви исплати празнична дневница.

Законот предвидува дека за работа во денови на празници и неработни денови утврдени со закон, работникот има право на надомест на платата што му припаѓа кога во тие денови не работи и платата за поминати часови на работа, зголемена за 50 отсто.

Ако при контрола од страна на трудовиот инспекторат е утврдено дека ваква дневница не била исплатена тогаш следи казна за работодавачот која може да биде во висина од 3.000 до 4.000 евра.

Согласно со Законот за празниците, следниот вторник, 23 Октомври – Денот на Македонската револуционерна борба, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика.

Истовремено, Министерството на граѓаните во земјава им го честита празникот.