fbpx

Еве колку илјади евра заработува месечно Кија Коцкар – важи за една од најплатените на естрадата

Симпатичната Кристина Кија Коцкар во моментот е една од најбараните пејачки на естрадата во регионот.

Поранешната стјуардеса која се прослави со победата во првата сезона на реалното шоу „Задруга“ е една од најплатените пејачки на естрадата во регионот, а заработува доволно за да си дозволи гламурозен живот. Имено, таа за еден настап може да добие од една до пет илјади евра.

Оваа цена зависи од тоа каде и колку пее, а како што пишува српскиот курир Кија заработува добро и од појавување во клубови и на други јавни места.

Таа непосредно по реалното шоу за такво појавување наплаќаше околу 2000 евра, а за неполни два месеци нејзината цена драстично порасна на 5000.

Па ако земеме во предвид дека Кија во месецот може без проблем да има два настапи, а најверојатно и многу повеќе и ако фати барем една или две тезги да се појави на некој настан, промоција или клуб, нејзината месечна заработка во најлош случај би била околу десет илјади евра.

Што воопшто не е мала сума, нели?