fbpx

И кажа на сопругата дека раѓањето бебе е лесно, не издржа симулирани контракции ниту половина минута (видео)

Ова видео измами насмевки кај многу мајки.

Маж се премисли дека раѓањето дете е лесно откако искуси симулирани породилни контракции.  И велел на сопругата дека раѓањето бебе е лесно, не издржа симулирани контракции ниту половина минута

Мајкл Ричардсон зажали што на сопругата ѝ велел дека раѓањето деца е лесно откако самиот тој почувствува колку силни и болни можат да бидат контракциите при породување. Неговата сопруга Џоди со радост го сподели видеото во кое тој искусува симулирани породилни болки и не може да издржи ниту половина минута.

По „експериментот“, Мајкл, кој е татко на четири деца, изјави: „Кога Џоди ме поврза на машината, не знаев што ќе следува… Болката беше неподнослива. Искрено, не знам како жените ја поднесуваат. А мојата сопруга рече дека машината не е ништо во споредба со она вистинското. Жал ми е за жените кои се породуваат. Никогаш повеќе нема да ѝ се жалам неа.“