fbpx

Карлеуша со брутален коментар за Кија Коцкар која тукушто дозна дека има тумор? Секој што сака да го сожалуваат не е добар човек!

Како што пренесуваат медиумите Кристина Кија Коцкар има бениген тумор на левата дојка, која наскоро мора да се отстрани по хируршки пат.

Како што пренесува српскиот Курир, пред нешто повеќе од недела дена победничката на првата сезона Задруга отишла на преглед во една приватна гинеколошка ординација. Таа отишла на преглед откако самата случајно открила грутка, а докторите веднаш ја испратиле на Институтот за онкологија и радиологија заради подетални дијагностика и продолжување со лечењето. Тогаш и започнува нејзината вистинска агонија.

Според сознанијата на медиумите од соседството, Кија дури три пати била кај еден од најдобрите доктори за канцер на дојка за да биде сто отсто сигурна во дијагнозата, а според негово мислење, неопходно е да направи биопсија на ткивото, а потоа и отстранување на туморот.

Но ова не е прв пат за здравјето на Кија да се зборува во медиумите. И додека беше во Задруга нејзините пријателки за медиумите открија дека Кија додека била во брак со Слободан Радановиќ направила операција на тумор на матка, но и на цистите на јајниците.

Јелена Карлеуша пак која е во војна не само со Кија туку со сите ријалити ѕвезди, воопшто не ја штедеше Кија. Имено, таа на својот Твитер објави статус за кој може да се каже дека се однесува токму за неа бидејќи само за нејзината здравствена состојба се пишуваше деновиве во медиумите.

„Секој кој на сожалување го гради своето место во општеството не е добар човек. Да фолирате дека сте жртва за да стекнете поени кај луѓето тоа сигурно крие некоја грда заднина. Познавам луѓе кои имаат доживеано големи трагедии, но не дозволуваа никој да ги сожалува, па дури и спротивно. А кој игра на таа карта, е потенцијално зло“, напиша таа на Твитер.

Но иако се уште не е потврдено дали ЈК овој статус го напиша за болна девојка, коментарите не се на нејзина страна.

Еве еден од таквите:

 

Го очекуваме и одговорот од Кија.