fbpx

Новиот омилен моден додаток на Јелена Карлеуша со потписот на Гучи

Познато е дека Јелена Карлеуша има богата колекција во плакарите

Таа обожава да ги носи светски познатите брендови како што се Gucci, Saint Laurent, Balmain, Versace.., и без разлика дали носи провокативна комбинација или нешто поелегатно, секое нејзино издание е во склад со последните трендови, а многу пати е и еден чекор пред нив.

Таа неодамна се појави на музичкиот натпревар „Гранд ѕвезди“ во улога на жири облечена од глава до пети во страсна црвена боја.

Монохроматските комбинации оваа година се апсолутен хит, но тоа не беше единственото нешто што го направи ова издание посебно. Имено, екстравагантната пејачка околу половината носеше чанта од Гучи, моден додаток кој во последно време често го носи.

Во прашање е тренд кој беше мошне популарен во 90-тите години на минатиот век, а оваа сезона доживеа вистинска ренесанса. Разликата е во тоа што денес не се носи опуштено како порано и не служи исклучиво како чанта, туку има двојна улога. Имено, Ременот е цврсто врзан околу струкот и со него многу лесно ќе ја истакнете фигурата, а во минијатурната чанта можете да ставите работи како мобилен телефон, клучеви, кармин..

Колку и се допаѓа овој детаљ на Карлеуша кажува и тоа што во плакарите го има во две бои – црна и црвена.

Фото: Инстаграм

 

Фото: Инстаграм

 

Фото: Инстаграм