fbpx

Овој Македонец ќе ве воодушеви – големо БРАВО за неговиот потег. Учителите и одговорните во училиштето треба да учат од него!

Понекогаш некои мали работи можат да поместат цели планини.

Тоа го покажа и овој велешанец кој со неговото видео стана хит на социјалните мрежи. Имено, во основното училиште во кое што тој учел како дете, на ѕидот, со големи букви стои напишан графит: „Смрт за шиптарите“.

Тој снимајќи се со неговиот мобилен телефон кажа дека овој графит е срам за еден космополитски град каков што е Велес, градот на Кочо Рацин и бројни други познати Македонци, но и дека би се срамел кога би бил учител или одговорен во истото училиште, а да не го избрише графитот. Затоа решил заедно со неговата сопруга да земе боја и да го избрише графитот со што предизвика воодушевување кај корисниците на социјалните мрежи.

„Кажете ми каде има ваков графит, кој се однесува на Македонците, јас сам ќе го избришам“, е само еден од позитивните коментари што можевме да го прочитаме под неговото видео, најверојатно напишан од припадник на албанската националност. И Македонци и Албанци му честитаа за овој човечки гест, а како тоа изгледаше погледнете во видеото што следува.