fbpx

Поранешната сопруга на Аца Лукас во жешко издание – го фрли градникот и ги покажа градите од сите страни

Поранешната сопруга на Аца Лукас, Соња Вуксановиќ, знае како да го привлече вниманието на посилниот пол

Нејзините фотографии што ги има објавено на социјалните мрежи ги освојуваат симпатиите на претставниците на посилниот пол. Година дена откако не е со познатиот пејач, медиумите се уште одвреме-навреме пишуваат за неа, а од нејзините фотографии можеме да видиме дека денес изгледа дури и подобро од кога било досега, особено во едно вакво провокативно издание.

Таа позира во провокативна поза облечена во светкав зелен фустан, а во центарот на вниманието е нејзиното бујно деколте. Бидејќи под фустанот не носи градник, градите во добар дел се откриени, додека високиот шлиц ги откри нејзините долги нозе на кои носи тенки, екстремно високи потпетици.

Инаку, Соња и Аца неодамна ги закопаа секирите, и тоа најмногу поради нивната ќерка. Тие сега се во добри односи кои ескалираа кога стилистката минатата година го пријави пејачот за насилство во семејството.

Пејачот на суд ја призна вината и беше осуден на десет месеци условна казна и година дена забрана да и приоѓа на Соња.