fbpx

Православните христијани денеска го празнуваат Втор ден Божиќ или Собор на Пресвета Богородица

Денеска е Собор на Пресвета Богородица.

Денеска е вториот ден од Божиќ, кога православната христијанска црква и оддава почит на Пресветата Божја Мајка, родителка на Господ и спасителот Исус Христос.

Денешниот празник е наречен Собор на Пресвета Богородица.Црквата утврдила веднаш после големите празници, да се слават и учесниците во настанот што се празнува. Затоа денес, по празникот Рождество Христово, се слави Пресветата Богородица.

Во народното сфаќање овој ден се смета за втор ден на празникот Божиќ и празнувањето е во духот на носителката на Господ на овој свет, која уште се нарекува и Девица Марија.