fbpx

Утре е ВАЖЕН празник – го слават жените за полесно да раѓаат и да ги одгледуваат децата, а оние кои немаат деца се молат да добијат

Утре се слави празникот Покров на Пресвета Богородица, како спомен на случката кога Богородица се јави меѓу народот собран за молитва, за време на богослужба. Во житието на св. Андреј Јуродив се опишува самиот настан заради кој и се востановил празникот Покров на Пресвета Богородица. Таму се вели дека за време на бдението кое се извршувало кај кивотот во Влахерна (претходно, споменавме за кој кивот се работи), св. Андреј, заедно со својот ученик Епифаниј се наоѓале во храмот. Во четвртиот час од ноќта блажениот Андреј ја видел Богородица како влегува во храмот низ царската врата (која водела од нартексот во храмот), во придружба на мноштво ангели и светии.

Кога дошла во близина на амвонот, св. Андреј му се обратил на св. Епифаниј и му рекол: „Ја гледаш ли Госпоѓата и Царица на светот?“, а неговиот ученик му одговорил: „Да, оче духовен“. И долго време Богородица со преклонети колена се молела, облевајќи го со солзи своето лице. После тоа дошла во олтарот, каде се молела за народот кој се наоѓал во црквата. Кога ја завршила својата молитва, го извадила од себеси својот блескав како молња омофор кој го носела на својата пречиста глава, и земајќи го во своите раце го раширила над сиот народ кој се наоѓал во храмот. Долго време омофорот ги покривал верните, а потоа, откако Таа заминала, го зела него со себе, оставајќи му ја на народот благодатта.

Го слават жените за полесно да раѓаат и одгледуваат деца. Тие кои немаат деца на овој ден се молат да добијат.