fbpx

(Видео) Радост и песна во манастирот Св. Јован Бигорски: Естрадните уметници и сестринството заедно пеат и го празнуваат Христовото раѓање

Радост, пригодна песна и молитва за Бадник во Бигорскиот манастир.

„Небо и земја” е стара словенска коледарска песна, која до денес се задржала во помнењето на старите битолчани, како песна што се пеела и на Бадник и на Божик.Оваа песна се’ уште се пее на Бадник во Русија, Украина и Белорусија.

Можно е оваа песна да се пренела во руските земји токму од овде, од Македонија, бидејќи рускиот народ примил крштение од Охридската Архиепископија, а со тоа усвоиле и голем дел од традициите коишто тука се негувале.

Подоцна, пак, поради состојбите во кои западнал Балканот, голем дел од тие традиции кај нас биле изгубени. Но, за среќа биле задржани во Русија која во тоа време била единствена слободна православна земја.

Се претпоставува дека после Октомвриската револуција, руските емигранти кои дошле тука во Македонија, ни вратиле дел од тие традиции, меѓу кои и оваа песна.

Погледнете го видеото од радосниот пречек на Христовото раѓање во манастирот Св.Јован Бигорски, заедно со сестринството и естрадните уметници кои ја испеаа новата Божикна песна „Небо и Земја“.

Бадник. Радост. Љубов. ❤

Gepostet von Jasna Nikolovska am Sonntag, 6. Januar 2019