fbpx

Жената што ги реновира домовите на сиромашните, живее како потстанар

Тамара Грујиќ, водителката на емисијата „Работна акција со Тамара“, со својата екипа реновирала многу куќи ширум Србија, но самата живее како потстанар.

„Јас и сопругот сме потстанари. А што да се прави. Смешно ми е што слушам коментари ‘зошто не земе кредит да си купи стан’. Јас не сум кредитоспособна во моментов. Но, не се жалам. Не ни треба ништо материјално за да ни е убаво.

На крајот на краиштата, можеби цел живот ќе бидам потстанар“, рекла Тамара во едно скорешно интервју.Таа додала дека секоја куќа чиј лик го сменила влијаела на неа и на нејзиниот карактер.

„Убаво е да изненадиш некого, од корен да му го смениш животот, секако, на подобро. Ти се менува животот, а не си свесен за тоа. Кога гледаш како живеат луѓето, почнуваш да го вреднуваш повеќе својот, сакал ти или не“, додала Тамара.

„Има куќи во кои деца живеат без вода, а се капат во корита. Тоа што сум под кирија, верувајте, не е најлошата работа на светот“, рекла таа.